All for Joomla All for Webmasters


Историјат

„ИВА – МОНТ“ д.о.о. – Скопје е фамилијарна компанија која повеќе од 24 години успешно работи на македонскиот пазар и во соседството во областа на енергетиката, термотехнички инсталации греење – ладење и вентилација, производство и трговија.
Флексибилноста и умешноста да се справи со промените кои се појавуваат на пазарот, ја прави компанијата иновативна и секогаш отворена за нови предизвици.
Како компанија располагаме со стручен и образован тим кој е подготвен во секое време да понуди адекватно решение за Вашите проблеми. Го поседуваме  ISO 9001:2008 стандардот за квалитет кој секогаш се трудиме да го почитуваме и на нашите клиенти да им понудите квалитет и ефикасност, бидејќи Вашата доверба е темел на нашата иднина.
                                     
Визија                                       
Нашата визија е секојдневно подобрување на работните процеси, подобрување на ефективноста и ефикасноста во извршување на нашите услуги, со цел да излеземе во пресрет на нашите клиенти и на нивните потреби.
Се трудиме постојано да вложуваме во нашиот стручен тим и нивното знаење, преку организирање на обуки за учење и олеснување на процесот на работа, учество во организирани обуки од овластени компании и запазување на Законски пропишаните услови.
Истотака се трудиме постојано да вложуваме во  усовршување и обнова на работниот алат и инфрастурктурата.
Во иднина нашата визија е орентирана кон сертифицирање на нашата компанија со потребните стандарди на пример: ISO 14001, OHSAS 18001, EN 3834-2, EN 287-1, лиценци за градба од втора категорија и останати потребни сертификати и лиценци, кои ќе ни помогнат во нашето усовршување и подобрување на работните процеси и остварување на нашата визија за зацврстување на нашата упешност во Р. Македонија и проширување во соседството и пошироко.

 

Мисија

Мисијата на „ИВА – МОНТ“  е насочена кон:
Изградба на добри партнерски односи со инвеститорите и корисниците на нашите услуги и производи, преку разбирање на нивните потреби, со цел подобрување на нивниот работен процес.
Почитување на нашите соработници.
Почитување на законските одредби.
Почитување на нашите вработени.
Подобрување на процесите на работа.
Почитување на животната средина.

Адреса

Дирекција:

ул. Божин Николов - Силни бр. 36

1000 Аеродром, Скопје, Македонија

Контакт инфо

Email: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Телефон: +389 (02) 2439 081

Moбилен: +389 (070) 333 243;
                      +389 (075) 239 581